Албанија денеска била погодена од земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил четири километри од Либражди и 19 километри од Елбасан.
Албанските медиуми јавуваат дека земјотресот бил на длабочина од 15 километри.
Наведено е дека бил регистриран во 6.32 часот.
Според првите информации, нема материјална штета.