Тажна вест: Почина познатиот светски политичар и адвокат

На 95-годишна возраст денеска почина францускиот адвокат и политичар Роберт Бадентер, поранешен министер за правда,

кој беше претседател на арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, јавија француските медиуми.

Бадентер – правник, професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет – во времето на распадот на Југославија беше на чело на таканаречената  Бадентерова комисија, која во декември 1991 година го соопшти мислењето дека СФРЈ е во процес на распаѓање,

врз основа на кој, на 15 јануари 1992 година, државите на Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.

Во својата долга правна и политичка кариера Бадентер се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што беше постигнато во 1981 година.

Еврејски интелектуалец и министер во социјалистичката влада, чиј татко починал во германски концентрационен логор, Бадентер беше цел на бројни напади од француската десница, од кои некои беа антисемитски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде