Дали имало обид за атентат на Курти во Скопје? – се огласија од МВР

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија реагираше на информациите за наводна закана за косовскиот премиер Албин Курти за време на неговиот престој во Скопје, наведувајќи дека немало обиди за атентат, пренесува „Косово онлајн“.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „Телеграф Македонија“ навел дека немало обид за убиство на Курти.

Тој истакнал дека полициското обезбедување на Курти било утврдено според правила и протоколи.

„Ве информираме дека при посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје немало обиди за негово убиство. Што се однесува до безбедноста при посетата на премиерот Курти, таа беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки“, вели Ангеловски.

Курти за новинарите по враќањето од Скопје изјави дека таму се чувствува безбедно и покрај заканите „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.

Курти истакна дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје видел голем број полициски сили.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде