Меџити жестоко удри по СДСМ: Колкaво понижување е за вас и за вашите поддржувачи, немо да го набљудувате тоа што го прават ДУИ и Груби

Поминаа еден месеци како сум министер во кои покажав како треба да се работи. Покажав како треба да се бори еден министер за она што во верува и сака да го спроведе во интерес на пациентите и граѓаните.

Не бегав од проблемите, туку влегував во оган за да ги решавам оние прашања за кои сите пред мене бегале и ги ставале под тепих, рече вчера на собраниската седница сега веќе разрешениот министер за здравство Фатмир Меџити.

Меџити го обвини ДУИ дека неговото разрешување е политички, се со цел да се попречува и блокира работата, односно како што рече жали што не сите во владата имаат иста цел, додека тој го гледа интересот на пациентите, ДУИ го гледа и штити својот личен партиски интерес.

-Жалам што се покажа дека не сите имаат иста цел како мене во оваа влада. Се покажа дека ДУИ преку нивните министри од кои зависат многу работи и решенија до крај реши да политизира, да попречува и да блокира. Реши до крај да оди против интересот на граѓаните, пациентите и здравствените работници, за да го штити својот личен партиски интерес, порача Меџити.

Меџити им порача на ДУИ дека за неколку месеци граѓаните ќе ги казнат за ова деструктивно однесување.

-Граѓаните се тие кои за неколку месеци на избори ова деструктивно однесување ќе го казнат. Јас сметам дека политиката е средство за помош на граѓаните и подобрување на состојбите. Но, тие сметаат дека политиката е средство за реализација на личните интереси. Ние, кога е во прашање разбирање на јавните функции колеги од ДУИ сме од различни планети, смета тој.

Меџити им се обрати и на пратениците и функционерите од СДСМ, порачувајќи им дека е многу понижувачки да бидат неми набљудувачи на сето она кое што го прави нивниот коалициски партнер ДУИ.

-Сакам да им се обратам и на сите функционери од СДСМ во оваа влада, размислите само колку е понижувачки за вас и вашите поддржувачи да бидете неми набљудувачи на ова што ДУИ го прави против интересите на граѓаните и пациентите. Немото соучество е најлошата форма на поддршка за ваквите постапки, им се обрати Меџити на пратениците од СДСМ.

Мојата чест е чиста, јас знам за што се залагам и за што се борам, рече Меџити и додаде дека во последните 2 дена добил 100тици пораки за поддршка.

-Меџити нагласи дека од денеска веќе за сите катастрофални политики се одговорни СДСМ и ДУИ, напоменувајќи дека тој се изборил за вработување на 1117 вработувања кои што всушност ДУИ сака да ги користи како партиски војници, како и дека Артан Груби кој како што рече многу сакал да е прв, ја кочел изградбата на катната гаража во Клинички центар.

Од утре натаму вие одговорете им зошто не се реализираат 1117 вработувања во Министерството за финансии. Ние тоа го завршивме експресно. Сите граѓани се свесни како се борев за овие вработувања, која оваа влада седум години значи со договор на дело не ги вработува, и знаете ли зошто, затоа што треба утре да ги користат како партиски војници. Вие одговорете им зошто се кочат катните гаражи за да го средиме хаосот на Клинички центар, јас најдов решение, добив мислење од министерството за економија и финансии и два месеци од сегашниот вицепремиер, а тогашен прв зошто многу сака да биде прв не беа потпишани и пренесени до ресорното министерство за здравство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде