Пристигна убава вест: Пронајдена е 19 годишната девојка која исчезна пред 11 дена,

Пронајдена е деветнаесет-годишната А.М. од Неготино, која пред единаесет дена беше пријавена за исчезната, дознава ,,Фокус” од свои извори.

Девојката била пронајдена во кавадаречко село и е во добра состојба.

За случајот со исчезнувањето информираше СВР Велес, откако на 31-ви јануари мајката на девојката во полициската станица во Неготино пријавила дека таа се оддалечила од домот, а со себе не носела мобилен телефон.

Службениците веднаш по пријавата започнале со потрагата и презеле мерки за пронаоѓање.

Во врска со пронаоѓањето, од СВР Велес најавија за подоцна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде