Министерот за политички систем Артан Груби ги нарече „министрите на ВМРО-ДПМНЕ“ Азир Алиу и Фатмир Меџити, кои синоќа беа разрешени во Собранието.
„Првиот албански премиер на Владата разреши двајца министри на ВМРО ДПМНЕ, кое со сите сили ги бранеше денеска во Собранието.
Лека ноќ, убав сон, спијте мирно додека Али Ахмети се грижи за сите нас“, напиша Груби на социјалните мрежи.
Алиу, како министер за информатичко општество и администрација, и Меџити, како министер за здравство,
ја поддржуваат одлуката на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари на парламентарните избори Алијансата да оди заедно со опозицискиот блок