Популарниот британски готвач и сопственик на ресторани, Расел Норман, се самоубил во својата градина, по жестока караница со неговата партнерка.
Двајцата биле под дејство на алкохол кога се случил настанот.
Според информациите од британските медиуми, Норман извршил самоубиство со бесење.
Веднаш била повикана итна медицинска помош, а Норман бил во болница пет дена пред да почине.
Пет дена семејството се молело за негово оздравување, но сепак готвачот не успеал да се избори, бидејќи оштетувањето на мозокот било неповратно.