Вонредна вест: Имало план за атентат на Курти во Скопје?

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за „многубројни закани од поединци и

структури кои имаат корени од официјален Белград“, пренесува Радио-телевизија на Косово (РТК) и додава дека „има информации за обид за атентат врз Курти“.

„Кога дојдов во Скопје, не се чувствував загрозен, но видов дека имаше многу полициски сили кои беа загрижени за состанокот што го одржавме,

каде специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларс Клингбејл“, рече Курти, а пренесува овој медиум.

РТК пишува дека „сигурни извори од безбедносните институции на Косово“ им соопштиле дека веднаш по седницата на Советот за безбедност на ОН добиле информација дека „Србија се обидува да го убие Курти во Скопје“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде