Жена почина во охридската болница, полицијата го приведе нејзиниот син

На 09.02.2024 година во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид,

со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина.

Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала.

Н.Б. е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода.

Телото на починатата е дадено на обдукција.

Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде