На 09.02.2024 година во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид,
со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина.
Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала.
Н.Б. е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода.
Телото на починатата е дадено на обдукција.
Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.