Јоци објави фото: Погледнете кој од власта синоќа се сретнале со Албин Курти

Фејсбук пост на Јорданка Ивановска Јоци:

Ако некој работи на апсолутната победа на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори, тоа е само СДСМ.

А, можеби тоа е единственото добро од нив во моментов, пред да се распаднат и да ги снема.

📢#Шекеринска и Д.#Ковачевски, заедно со Б.#Османи вчера се сретнале со косовскиот премиер, А.#Курти во скопска кафана.

🔴 Во изминати 2 месеца, не знам која по ред е оваа средба со Курти на врхушката на СДСМ и нивни функционери, а очигледно тоа значи како постојано имаат ,,недовршени муабети” и никако да дојдат до конечен договор за спас на нивните задници на 8 мај.

▪︎Патем, познато е дека ДУИ смета дека Курти зазема страна [ја фаворизира алб.опозиција], а со тоа се меша во внатрешната политика на земјава. И општо на политичката сцена.

ℹ️ Но, очито на СДСМ тоа не им смета, а можеби со ваквите континуирани нејасни предизборни средби ја потврдуваат изјавата на Б.Касами дека Курти е – ,,премиер на сите Албанци” кога го пречека во Тетово, кој притоа го нарече ,,албански главен град на Македонија”.

❗️Народ гледа!

Или подобар израз е омилената изрека на Шекеринска – ,,народот дава, народот зема”.

🅿️.S:

◾️Со секој нов ден СДСМ губи по 20.000 гласа.

Само завчера со носење на измените на Законот за игри на среќа изгубија околу 40.000, затоа што оставија 10.000 семејства на улица.

◾️ Поради малтретирањето и хаосот со пасоши, возачки и лични исправи, изгубија минимум 150.000.

А, каде е корупцијата, седењето во скут на ДУИ, високите цени, малите плати, струјата, парното….

Еве стварно не знам како мислат ДУИ да ги спасуваат кога ДУИ имаат макс 100.000 гласа, а они се под 200.000.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде