ФОТО: Утрово врнежи од снег во овие делови од Македонија

Под влијание на влажен бран денеска и утре ќе има врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Повремено врнежите ќе бидат пообилни и поројни, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник (наместа над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со локална појава на ретки грмежи.

Ќе дува засилен јужен ветер, (над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Славчо Попоски утрово објави дека врнежи од снег има на Попова шапка.

Во моментов влажен снег паѓа на Скијачкиот центар Попова Шапка – Како што најавивме снегот ќе го има само на највисоките планини, напиша Попоски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде