Трагедија го потресе регионот: Сопругата на познатиот политичар пронајдена мртва – веројатно извршила самоубиство

Стојанка Шаровиќ, сопругата на поранешниот претседател на Република Српска и Српската демократска партија, Мирко Шаровиќ, е пронајдена мртва во семејниот дом.

Како што пренесуваат медиумите од соседството, таа најверојатно извршила самоубиство.

Телото на починатата е пронајдено денеска околу 12 часот во семејната куќа во Лукавица.

Стојанка Шаровиќ своевремено работеше во Собранието на градот Источно Сараево и Централната банка.

Пред трагедијата, таа работела на позицијата раководител на Секторот за финансии во Заедничката служба на Секретаријатот на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде