Стојанка Шаровиќ, сопругата на поранешниот претседател на Република Српска и Српската демократска партија, Мирко Шаровиќ, е пронајдена мртва во семејниот дом.
Како што пренесуваат медиумите од соседството, таа најверојатно извршила самоубиство.
Телото на починатата е пронајдено денеска околу 12 часот во семејната куќа во Лукавица.
Стојанка Шаровиќ своевремено работеше во Собранието на градот Источно Сараево и Централната банка.
Пред трагедијата, таа работела на позицијата раководител на Секторот за финансии во Заедничката служба на Секретаријатот на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.