Три возила се судрија на раскрсницата кај Соборен храм во центарот на Скопје, објави Скопје1.
Во несреќата има повредени лица, но карактерот на повредите засега не е познат. На терен имало и Брза помош.
Според првичните информации до кои дојде Скопје 1, се судриле три автомобили.
Делови од автомобилите се распрскани на булеварот. Едниот од нив е со целосно искршен преден дел, додека на друг е активирано и воздушното перниче поради силината на ударот.
Полицијата е на терен и ќе се прави увид.
Повеќе детали се најавени за подоцна.