Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег.
Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 l/m2), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Под влијание на влажен бран и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи.
Локален слаб дожд ќе има и во вторник, а потоа следува период на стабилно време.
Во продолжение погледнете видео од прекрасната зимска идила на Попова шапка.
Видео ТУКА