Страотна сообраќајна несреќа: Се преврте автомобил, три лица повредени

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово.

Според информациите, несреќата се случила вчера, кога автомобил удрил во банкина и се превртел од патот.

„На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово,

патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани“ соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде