Министер за внатрешни работи Панче Тошковски во интерву за ТВ 24 изјави дека откако е поставен за министер,
дошол до одредени информации и сомнежи за тоа како се постапувало во истрагата во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кои како што кажа побарал дополнителна истрага.
Истрагата ќе ја вршат двајца началници, едниот што го поставил Тошковски, а другиот поставен од дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев.
-Да се истражи случајот во целост и да ја затвориме таа тема. Дали во рамките на полициските делувања на припадниците на Министерството за внатрешни работи било постапувано согласно процедурите и стандардите или пак не било.
Ќе треба малку време детално да се истражат овие процеси…Имам такви сомневања, врз основа на сознанија откако сум дојден како министер – изјави Тошковски.