Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.
За јавниот повик, информираше градоначалникот на општина Гази Баба на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди!
Почитувани граѓани,
Ве информирам дека е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди.
Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди, но не повеќе од 30.000,00 денари.
Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година.
Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година од денот на објавување на овој јавен повик.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2024 година, односно се до исцрпување на финансиски средства. Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. – напиша Стефковски.