Убава вест од власта: Замената на возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе се врши бесплатно

Замената на возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на македонските државјани во странство, кои немаат пасоши со „Северна“, а треба да се вратат во Македонија да ги променат, кажаа од Владата.

Во државите каде што нема амбасада или конзулат, издавањето на патните листови ќе биде онлајн и со достава преку пошта.

На прес-конференција, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека е задолжено МВР да ги замени без надомест возачките и сообраќајни дозволи за сите граѓани кои треба предвремено да ги сменат.

„Министерството за надворешни работи, пак, треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани коишто живеат надвор од територијата на Северна Македонија кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи надоместот за патните листови да биде нула или ќе биде без надомест за нив“, вели Битиќи.

Од денеска, граѓаните без пасош со „Северна“ не можат да излезат од државата, согласно роковите од Преспанскиот договор со Грција, а рокот за промена на возачките е продолжен до 31 декември по вчерашните законски измени усвоени во Собранието.

Личните карти без „Северна“ продолжуваат да важат за внатрешна употреба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде