Ужасна вест го потресе регионот: Tатко на 11-годишно девојче пријавил дека кумот на ќерката ѝ праќал вулгарни пораки и недолично ја допирал

Татко на 11 годишно девојче го пријавил во полиција во Лазаревац С. Ќ. (37), својот кум и другар од детството, бидејќи во последните неколку дена ѝ праќал вулгарни пораки на ќерка му, но и неколкупати недолично ја допирал.

Ќерката му се пожалила на таткото и ги покажала пораките што ги добивала на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Во Основното јавно обвинителство Лазаревац беше сослушан С. Ќ. (37) поради сомнение дека извршил недозволени полови дејства.

Предложен е притвор до 30 дена.

Таткото на девојчето во полиција изјавил дека „го пуштил човекот што ѝ праќал непристојни пораки на ќерката да влезе во куќата во која јадел, спиел и биле многу добри пријатели“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде