Татко на 11 годишно девојче го пријавил во полиција во Лазаревац С. Ќ. (37), својот кум и другар од детството, бидејќи во последните неколку дена ѝ праќал вулгарни пораки на ќерка му, но и неколкупати недолично ја допирал.
Ќерката му се пожалила на таткото и ги покажала пораките што ги добивала на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Во Основното јавно обвинителство Лазаревац беше сослушан С. Ќ. (37) поради сомнение дека извршил недозволени полови дејства.
Предложен е притвор до 30 дена.
Таткото на девојчето во полиција изјавил дека „го пуштил човекот што ѝ праќал непристојни пораки на ќерката да влезе во куќата во која јадел, спиел и биле многу добри пријатели“.