Важна вест за возачите: Внимавајте како возите во Бугарија и Грција – ќе има ригорозни казни

ДРАСТИЧНА КАЗНА НА ВОЗАЧИТЕ ВО ЕУ: Предлог нови правила за ПРЕКРШКИ важат за СИТЕ членови, дали и ова ќе стигне до нас

Одземањето на возачката дозвола во една земја-членка на Европската унија треба да се применува во целата Унија, се согласија претставниците на Европскиот парламент.

Според сегашното правило, во најголем број случаи забраната за возење важи само во земјата во која е сторен прекршокот и нема последици за возењето во другите земји на ЕУ – ниту во онаа што ја издала возачката дозвола, пишува ХАК.

Со цел да се обезбеди примена на релевантната санкција во сите земји на ЕУ, предложените нови правила ќе бараат оваа одлука да биде проследена до државата на ЕУ што ја издала возачката дозвола, соопшти Европскиот парламент.

Според претставниците, на листата на тешки сообраќајни прекршоци треба да се додаде и возењето без валидна возачка дозвола.

Со тоа тој прекршок би се изедначил со возење во алкохолизирана состојба или предизвикување сообраќајна несреќа со смртен исход, што би резултирало и со размена на информации за одземање на возачка дозвола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде