Власта објави убава вест: Проверете ги сметките, на повеќе од 9.000 граѓани се исплатени 283,4 милиони денари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.

Вкупната исплата која е реализирана изнесува 283,4 милиони денари кон вкупно 9.623 сточари.

Како корисници на субвенциите за обележани женски грла говеда се јавуваат земјоделските стопанства што имаат пријавено женски грла, кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 76 милиони денари до 6.342 корисници.

Кон 2.194 огледувачи на овци се исплатени 191,9 милиони денари финансиска поддршка за земјоделските стопанства, кои имаат пријавено минимум 30 грла овци постари од 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

Кај огледувачите на кози е исплатена финансиска поддршка од 15,4 милиони денари со која се опфаќаат 1.087 корисници. Основ за добивање на оваа финансиска поддршка се пријавени минимум 10 грла кози кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

До почетокот на месец март сточарите ќе ги добијат и дополнителните 70% од основните субенции, кои се однесуваат на предадено  производство во регистрирани преработувачки капацитети, млекарница или кланица. АФПЗРР веќе активно работи во подготовка на податоците за исплата на дополнителните 70% од субвецниите за сточарите.

Дополнително сточарите, кон крајот на 2024 година како и другите земјоделци повторно ќе добијат авасни 30% за субвенции за оваа тековна 2024 година.

На крајот од 2023 година ја реалзииравме и до сега најголемата исплата на премиите за произведено и предадено млеко за 7 месеци, односно фазите октомври – декември 2022 година и јануари-април 2023 година. До сметките на 4.311 млекопроизводители исплатени беа 277,9 милиони денари. Вредноста на премијата изнесува 5 денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и 6 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година. Креиравме многу нови мерки за поддршка на сточарите и со право оваа 2024 година велиме дека е година на сточарството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде