Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија
Земјотрес со јачина од 2,1 степен вечерва е регистриран во Македонија.
Според првичните информации, епицентарот е во близина не Берово.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција.
Земјотресот е регистриран во 6:32 часот по локално време во морската област на 67 километри југоисточно од Карпатос.
Длабочината на земјотресот првично беше проценета на 10 километри.