Апсење на полицијата на повеќе локации низ Македонија

На 13.02.2024 во 16.40 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Денеска (14.02.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода И.И.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2024 во 23.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2024 во 20.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(26) од село Гошинце, општина Липково и Н.Е.(25) од село Арачиново, скопско, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 13.02.2024 во 15.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Г.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(23) од с.Драчевица, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер (13 февруари) околу 23.00 часот во Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Х.Л.(20) и Н.Б.(23) затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Извадок од МВР билтен, фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде