Страотни сцени од местото на несреќата: Најмалку 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Александрија

Најмалку 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случи во Египет.

Локалните медиуми јавуваат дека седум лица се повредени и во сударот во областа Амрија кај Александрија.

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот што ја поврзува Александрија со Каиро.

Сообраќајот на автопатот е привремено во прекин.

Неодамна, најмалку 28 лица загинаа, а 60 се повредени во сообраќајна несреќа на повеќе возила во провинцијата Бехеира, околу 132 километри северно од главниот град Каиро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде