Трагедија ја потресе Македонија: Почина ќерка на Владимир Талевски

Голема трагедија денеска во семејството на поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талевски, објави порталот 4news.mk

Според извори на порталот денеска почина една од двете ќерки на Талевски.

Во моментов нејасни се причините за смртта. Таа живееше во Битола и имаше семејство и дете.

Талевски е во прилепскиот затвор каде издржува казна затвор во случајот „Транспортер“.

Случајот според обвинението „тежи“ 360 илјади евра, а според пресудата на скопските судови ќе треба да се надомести и штета на државата.

Извор: 4news.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде