Доаѓа ново покачување на пензиите – еве кога ќе се знае за колкав процент

Новата методологија за пресметка ќе донесе ново покачување на мартовските пензии.

Во април околу 335 илајди корисници на пензија ќе добијат поголема сума на своите сметки.

За колкав процент не се знае. Усогласувањето ќе зависи откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика, колкави биле трошоците за живот и колкава е просечната плата.

Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска замоли за трпение и да не се манипулира со бројки се додека не излезе официјалната статистика.

-„ Не би зборувала за процент, а ниту за некакви рамки, затоа што секоја рамка се зема здраво за готово и се манипулира со пензионерите и затоа ќе ги почекаме официјалните податоци.

Но она што е факт е дека од март 2022 до крајот на 2023 година, пензиите се покачија за 24%. Никогаш претходно немало такво зголемување на пензиите за толкав период“,посочи Тренчевска во емисијата на Слободен печат.

Усогласувањето на пензиите е обрзвано за било која полтичка гарнитура и тоа мора да се случува два пати годишно. Тоа е резултатот од преговорите кои ги водеа властите со претставниците на повозрасната популација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде