Почина Драган Торов, активист и поранешен функционер на СДСМ, објавија од ОО на СДСМ Штип.
„Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на Драган Торов, некогашен претседател на Локалниот клуб на СДММ Штип и советник во СГ СДСМ при Совет на Општина Штип од 2005 г. до 2009 г.
Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите.
Неговите придонеси во општествениот и политичкиот живот остануваат како трајни вредности за сегашните и идните генерации.
Нека почива во мир.“, напишаа од СДСМ Штип.