Драма во Кочани: Младо момче со пиштол влегол во бензинска пумпа

На 17.02.2024 во 03:10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(19) од Кочани,

постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:30 часот со пиштол во рака влегол во бензинска пумпа во Кочани, а на една од пумпите оставил и нож.

Според пријавеното, откако заминал, вработениот пронашол четири куршуми калибар 7,62 мм., кои биле подигнати заедно со ножот за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде