Нов случај на малолетничко насилство помеѓу девојчиња е регистриран вчера во полицијата.
Според информациите, малолетно девојче било нападнато во парк во скопската населба Аеродром, од страна на друга малолетничка.
Случајот во полицијата го пријавила мајката на нападнатото девојче.
Се работи на расчистување. велат од МВР.
Јавноста неодамна ја потресе веста за тинејџерките од скопска гимназија кои брутално натепаа врсничка додека целиот настан беше снимен со мобилен телефон и објавен во дел од медиумите.
Обвинителството постапува во врска со тој случај.