Голема трагедија вечерва го потресе регионот: Мајка и ќерка избодени со нож

Во српското село Раковац, во општина Беочин вечерва околу 20 часот е уапсен Б.Р. (48) кој е осомничен дека со нож ја убил поранешната сопруга Д.Р. и нејзината мајка Н.Ч.

Тој бил затекнат веднаш до безживотните тела на жените.

Според српски медиуми, мажот и порано бил пријавуван во полиција за насилство, а еднаш завршил и во притвор.

Тие раскинаа бидејќи тој беше насилен кон неа. Го пријавила за семејно насилство. Дури и беше во притвор. И тој го направи ова повторно. Жал ми е и за мајката и за ќерката… – вели едeн од соседите.

Полицијата и обвинителот се на терен, јавуваат српските медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде