Најнова вест: Стигнаа обрасци за пасоши, но ќе добијат само оние кои платиле три пати поскапо

Граѓаните кои имаат термин за издавање пасош по итна постапка и лицата со медицинска потврда наскоро ќе добијат нови патни исправи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека до нив стигнале 20 илјади обрасци.

Тоа значи дека во наредниот период пасош ќе има само оној што платил и три пати поскапо, останатите ќе чекаат.

Тошковски тврди дека земјава е во ваква ситуација поради неработењето на претходното раководство. Неговиот заменик пак кој доаѓа од редовите на СДСМ, Митко Бојмацалиев, не гледа дека има застој во издавањето документи.

Тошковски уште еднаш ги повика пратениците да го изгласаат Законот за патните исправи кој е поднесен, како што помина и тој за возачките дозволи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде