Побрзајте на бензинските пумпи, од полноќ поскапува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпаддонесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 16.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,240%, кај дизелот за 2,387%, кај екстра лесното масло за 1,946% и кај мазутот зголемувањето е за 3,469%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисокималопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,881 ден/кг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде