Пејачот Марјан Коцев скршен од тага и болка ја извести јавноста преку социјалните мрежи дека починал неговиот татко.
Познатиот македонски фолк-пејач Маријан Коцев се огласи на социјалните мрежи и сподели тажна вест.
Имено, почина таткото на пејачот, па тој на својот профил на социјалните мрежи со емотивни зборови се збогуваше од него.
Марјан неговата емотивна порака ја сподели заедно со црно-бела фотографија на која што е и неговата покојна мајка.
„Сега пак сте заедно, а нас многу ни фалите! Фала ви за се“, напиша Коцев под фотографијата од неговите родители.
Изјави со зборови на сочувство под овој тажен „пост“ од пријателите и фановите на Марјан не престануваат да се редат.