БУРА ЌЕ ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ: Еве каде ќе започнат обилни врнежи од дожд и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Времето во регионот полека ќе започне да се влошува, и тоа поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој слободно може да се нарече ураган и кој е со центар над северозападна Европа.

Веќе од утре во Црна Гора, Босна и Херцеговина а потоа и во соседна Албанија ќе започнат врнежи од дожд и ќе бидат многу обилни особено за време на викендот, кога на планините ќе врне снег и локално се очекува формирање на снежна покривка од над 30 сантиметри.

Во овие три држави локално ќе наврне големо количество на врнежи (а можно е дури да наврне и месечно количество на дожд за два дена, па и повеќе од тоа) локално над 100/150 литри дожд на метар квадратен, што е премногу за релативно краток период, па токму поради ова можни се и локални поплавувања.

Сето ова ќе биде проследено и со олуен јужен и југозападен ветер со удари понекаде и од над 85 км/час.

Овој циклон овој викенд ќе влијае на времето и во Македонија, со што ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Сепак кај нас не постојат услови за поплавувања, но ќе ја почувствуваме поголемата промена на времето која јa најавивме.

Што се однесува до температури тие и понатаму кај нас остануваат натпросечно високи.

Извор: Метео аларм/Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде