Индонезиските власти соопштија дека земјата била погодена од силно торнадо, какво што досега не било забележано на нејзина територија. Повредени се 33 лица, а причинета е материјална штета.
Откако вчера силните ветрови го зафатија градот Сумеданг на западниот дел од островот Јава, климатологот на Националната агенција за иновации и истражување Ерма Јулихастин рече дека службата „ќе го симулира и истражува торнадото“.
На социјалната мрежа „Икс“ таа напиша дека вакви бури често се случуваат на северната хемисфера, но тие во Индонезија досега биле значително послаби.
Индонезиската агенција за управување со катастрофи соопшти дека повеќето од жртвите се со полесни повреди.
На видеата објавени од местото на настанот се гледа како ветровите урнале покрив на фабрика, дрвјата долж централната улица на Сумеданг силно се навалиле и се урнала фасада на продавница.
Whoahhh!!
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) February 21, 2024
A massive #tornado hit #Rancaekek, West Java in Indonesia this afternoon 🌪️
I’ve stitched together 4 video clips- credit to the people who took them 🙏 pic.twitter.com/u25ICPrf4S
The first ever occurence of an F2 tornado in Indonesia's West Java recorded history was on February 21, 2024.
— Massimo (@Rainmaker1973) February 22, 2024
This is a footage recorded from a clinic.pic.twitter.com/wRhuFN79hu