Англискиот фудбалер Чарли Стратон почина на 34-годишна возраст, потврди неговиот поранешен клуб Вимблдон . Напаѓачот беше познат во пониските лиги.
Последниот сериозен ангажман го имаше пред неколку години, а во текот на кариерата, покрај лондонскиот клуб, најголема трага остави во Шалфонт Сент Питер, за кој на почетокот на кариерата одигра 125 натпревари и постигна 81 гол.
– Исклучително сме тажни поради смртта на нашиот поранешен играч. Испраќаме најискрено сочувство до семејството и пријателите на Чарли во овој исклучително тежок момент – стои во соопштението на Вимблдон.
Стратон е роден во април 1989 година и по одличниот почеток на кариерата поради повреда никогаш не го достигна својот целосен потенцијал.
Точната причина за смртта не е соопштена.