Трагедија: Почина англиски фудбалер на 34-годишна возраст

Англискиот фудбалер Чарли Стратон почина на 34-годишна возраст, потврди неговиот поранешен клуб Вимблдон . Напаѓачот беше познат во пониските лиги.

Последниот сериозен ангажман го имаше пред неколку години, а во текот на кариерата, покрај лондонскиот клуб, најголема трага остави во Шалфонт Сент Питер, за кој на почетокот на кариерата одигра 125 натпревари и постигна 81 гол.

– Исклучително сме тажни поради смртта на нашиот поранешен играч. Испраќаме најискрено сочувство до семејството и пријателите на Чарли во овој исклучително тежок момент – стои во соопштението на Вимблдон.

Стратон е роден во април 1989 година и по одличниот почеток на кариерата поради повреда никогаш не го достигна својот целосен потенцијал.

Точната причина за смртта не е соопштена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде