Беше еден од омилените во поранешна Југославија: Почина легендарниот актер

Познатиот доајен на југословенскиот и српскиот театар Илија Ика Башиќ почина на 91-годишна возраст.

Илија беше еден од основачите на Друштвото на филмски и телевизиски работници на Војводина.

Ќе остане запаметен по бројни епизодни улоги – меѓу кои се и некои многу култни продукции како што се „Кожаре“, „Појадок со ѓаволот“, „Чувари на плажата во зима“ и „Тито и јас“.

Имаше и многу забележителна професионална улога во основањето на филмската продукција во САП Војводина.

Погребот на Ика Башиќ ќе се изврши во сабота на 24 февруари во 10:30 часот на Градските гробишта во Нови Сад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде