Маж бил застрелан во ногата во угостителски објект вчера на пладне во скопската населба Чаир.
„Полицијата го приведе А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по пријава дека вчера околу 14 часот во угостителски објект на
улицата Ќемал Сејфула пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата“, објави МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.