Славчо Попоски со вонредна прогноза: Викендов регионот и Македонија ќе биде на удар на….

Под влијание на веќе најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа, од денес, па за време на викендот во поголем дел од регионот се очекуваат силни удари на ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 85 км/час)

За време на викендот се очекуваат и доста обилни врнежи од дожд, особено во југозападна Босна, поголем дел од Црна Гора и на северот од соседна Албанија (се очекува да наврнат од 60 до над 150 литри дожд на метар квадратен), токму поради ова се можни и локални поплавувања.

На планините во Босна и Херцеговина, Црна Гора  и на северот од Албанија ќе врне снег, па така локално се очекува формирање на снежна покривка со висина од над 30 сантиметри.

Кај нас во Македонија од денес, па за време на викендот повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 километри на час). 

Исто така за време на викендот и кај нас ќе има врнежи, но тие ќе бидат далеку послаби за разлика од регионот и од локален карактер, што значи не потои никаква опасност од поплавувања.

Што се однесува до температурите, тие  и понатаму ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината, и тоа поради изразеното јужено воздушно струење и тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Не се исклучува можноста тие во најтоплите централни и југоисточни предели да се искачат до околу 20 степени.

Натпросечното топло време за овој период од годината ќе продолжи и во текот на следната недела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде