Страотна сообраќајна несреќа, двајца малолетници итно пренесени во болница

Двајца малолетници се повредени откако во средата со четирицикл излетале од пат во Струмица.

„На 21.02.2024 во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица,

а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде