Страотни снимки од местото на несреќата: Неколку лица се повредени во верижен судир во кој учествувале повеќе од 100 автомобили во градот Сужоу

Неколку лица се повредени во Кина, во верижен судар во кој учествувале повеќе од 100 автомобили, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Како што се наведува, причината за верижниот судир што се случи на автопатот во кинескиот град Сужоу, во провинцијата Џиангсу на истокот од земјата, е мразот.

Три лица се хоспитализирани поради повреди, а шест лица се здобиле со мали гребнатинки, соопшти сообраќајната полиција, пренесе Ројтерс.

Кинеската државна телевизија „CCTV“ прикажа драматична снимка од несреќата со верижна реакција, со парчиња скршено стакло расфрлани насекаде околу возилата.

Патниот сообраќај е затворен, а полицијата соопшти дека истражува како се случила несреќата.

Големи делови на Кина беа погодени од бран студено време со снежни виулици и замрзнат дожд во последните неколку недели, а кинеската влада прогласи вонредна состојба во тие области оваа недела поради ниските температури, јави агенцијата Синхуа.

Предупредувањето за ниска температура и мраз сè уште е во сила во неколку централни и јужни кинески области.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде