ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од доајените на македонската адвокатура

На 88-годишна возраст, вчера во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Тoмислав Кичеец е роден 1932 година. Дипломирал право во Белград, по што станал претседател на Окружниот суд во Струга, еден од најмладите во поранешна Југославија.

Тој бил судија во Окружниот суд Охрид до неговото затворање во 1967 година, по што ја започнува долгата и успешна адвокатска кариера.

Во далечната 1967 година Томислав Кичеец ја отворил првата адвокатска канцеларија во Охрид. Две недели подоцна тоа го направил Петар Гоџо.

Тоа се смета за почеток на исклучително успешната работа на познатото адвокатско друштво „Кичеец – Гоџо – Новаковски“, кое постои веќе 53 години.

Томиславе Кичеец присуствуваше на одбележувањето на златниот јубилеј на Друштвото во 2017 година, јавува Охрид Њуз.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде