Утрово се огласи Славчо Попоски со најнова прогноза: Започнува ладниот феномен “Ла Ниња”!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Со доста голема веројатност за остварување, ладниот метеоролошки феномен “Ла Ниња” може да пристигне уште во текот на ова лето, а не кон крајот на истото и на почетокот на есента како што прогнозиравме во јануари

Оваа година за разлика од минатите години, летото би можело да биде пократко, но и без некои долги екстремно топли бранови, но и со повеќе временски непогоди и врнежи.

Топлиот феномен “Ел Нињо” ќе започне да ја намалува својата сила уште во пролетните месеци, а значително ќе ослабне во текот на летото, со што ќе добива на сила ладниот феномен “Ла Ниња”.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде