Метео анализа на Славчо Поповски
Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ќе продолжи и во текот на следната недела,
температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат и до пролетни 20 степени.
Сепак ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток.
Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог.
Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најиздразен Долж Повардарието.