Уште еден Македонец сподели искуство како со пасошот со старото име на државата влегол во Хрватска.
Корисник на социјалните мрежи објави видео во кое може да се види дека со стар пасош на кој нема „северна без проблем влегол во Хрватска, на граничниот премин Батровци – Бајаково.
„Во Хрватска со стар пасош. Со стар пасош можеш било каде освен во Македонија“ – напиша патникот на социјалните мрежи.
Многумина го користат граничниот премин со Србија каде може да се излезе со стара лична карта а потоа, од таму се упатуваат кон Хрватска каде што го примаат стариот пасош. Од Хрватска Европа е веќе отворена и преку Шенген се стига речи си секаде.
Влегов у Хрватска со стар Македонски пасош без проблем. Од искуство претходниве 7 дена, со стар пасош можеш било каде освен во матична држава. pic.twitter.com/EpUEf3kUsy
— Tiago Pedro Gonçalo Costa (@tiktaknaradio) February 25, 2024
Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува “Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблеми. Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист.
– “Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош. Никој не направи проблем. Амбасадата на Македонија во Мадрид ме убедуваше дека ми треба патен лист, али ете другите земји имаат повеќе респект према нас него оваа Северџганска влада.
Ден поскоро да си го вратиме името бидејќи Преспанскиот договор не може да продуцира право и сево ова кое е негов производ е тешка небулоза“, пишува Илиевски.