Полицијата излезе со првични информации за убиството кое се случи кај Блаце во Скопје.
– Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР повикувајќи се на првичните информации.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за татко на Г.Т. човек кој е осомничен за убиство на Оки.
Г.Т. во моментов е на издржување на казна затвор.